Шампионот на Отвореното првенство на САД, Карлос Алкараз, нема да игра за својата репрезентација против Данска во квалификациите за Дејвис купот.
Алкараз ќе го пропушти натпреварот од второто коло против Данците, кој ќе се одржи на 13 и 14 септември на земјена подлога во Марбеља.
Шпанецот во интервју за „Кадена СЕР“ потврди дека планира да направи кратка пауза за да се опорави по Отвореното првенство на САД. Според новинарот Педро Фулана, учеството на Марсел Гранољерс е исто така под знак прашалник:
„По освојувањето на Отвореното првенство на САД во двојки, тој мора да се подложи на тестови поради проблеми со ногата“ напиша Фулана. Местото на Алкараз во тимот на Шпанија го зазеде Хауме Мунар.
PHOTO: usopen.org

