Претседателот на Фенербахче, Али Коч, го коментираше заминувањето на тренерот Жозе Мурињо од неговиот тим. Специјалниот беше отпуштен од турскиот гигант кон крајот на август, откако помина една година на таа позиција.
„Проблемот не беше да бидеме елиминирани од Бенфика. Начинот на кој го направивме тоа беше неприфатлив. Ми остана чувството дека ќе гледаме ист фудбал како и минатата година. Се разделивме затоа што сметавме дека овој тим треба да игра подобро во оваа фаза“, рече Коч.
„Овој стил можеби функционира во Европа, но во Турција мора да доминираме и да ги прегазиме нашите противници. Да постигнеме 99 гола и да собереме 99 бода – тоа е нашиот генетски код“, изјави Коч.
photo: fenerbahce.org

