Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Нов празник на џудото во Скопје
    Домашен микс

    Нов празник на џудото во Скопје

    risteBy riste09/09/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Џудо федерацијата на Македонија со гордост најавува уште еден врвен спортски настан во нејзина организација – Сениорскиот Европски куп во џудо, кој ќе се одржи во Скопје на 20 и 21 септември.

    Вредно е да се истакне дека ова е четврти голем меѓународен настан што ЏФСМ го организира оваа година по Европското првенство за кадети, ЕМОФ и Европскиот куп за јуниори. Од Џудо федерацијата додаваат дека секој од овие настани беше чекор напред кон позиционирање на нашата земја како респектирана дестинација на џудо мапата на Европа.

    Според најавите, Сениорскиот Европски Куп ќе ги донесе најквалитетните џудисти од цела Европа, борби со врвна техника, а Скопје ќе пулсира во знакот на џудото! Се очекуваат повеќе од 300 натпреварувачи од 30 земји.
    „Македонскатаа репрезентација е составена од 15 натпреварувачи, 5 во женска и 10 во машка конкуренција. Овојпат тоа е комбиниран состав во кој се нашите најквалитетни и најискусни џудисти, но имаме и неколкумина млади, јуниори за кои ова ќе биде прв настап во сениорска конкуренција. Очекувам добар настап на нашите натпреварувачи, бидејќи е тоа можност да се докажат во вака силна конкуренција, со најдобрите европски џудисти“ – вели Горан Мицкоски, селектор на македонската репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.