Новиот менаџер на Нотингем Форест, Анге Постекоглу изјави дека трансформацијата на стилот на Нотингем Форест ќе биде „постепен процес“. Поранешниот менаџер на Тотенхем беше назначен претходно оваа недела да го наследи Нуно Еспирито Санто по расправијата меѓу Португалецот и сопственикот Евангелос Маринакис.
Назначувањето на менаџер кој ги предводеше Лондончани до трофејот во Лигата на Европа предизвика дебата за тоа дали тој е вистинскиот избор за Форест. Додека тимот на Нуно играше подлабоко и во стил што му одговараше на напаѓачот Крис Вуд, Постекоглу се залага за висока линија и агресивен пресинг.
На својата прва прес-конференција како менаџер на Форест, Австралиецот нагласи дека разликата во филозофиите не треба да се преценува:
„Секогаш е прашање на околности. Нуно и Купер предходно одлично ја завршија работата. Стилот ми е познат – ист беше и во Тотенхем. Ќе биде постепен процес и треба да биде што е можно понежен за играчите. Сакам моите тимови да играат возбудливо и да постигнуваат голови. Сакам навивачите да уживаат, но сè е во победата на натпреварите. Гледам група играчи и можност да изградам нешто што ќе биде пријатно.“ изјави новиот менаџер на Форест кој започнува со необичен предизвик – четири последователни гостувања против Арсенал, Свонси, Барнли и Реал Бетис. Неговиот прв натпревар на „Сити Граунд“ ќе биде на 27 септември, кога ќе има можност да ги убеди дури и најскептичните навивачи.

