Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, признава дека Александар Исак, можеби нема да блесне во првите неколку натпревари бидејќи календарот е набиен со почетокот на Лигата на шампионите.
Шведскиот репрезентативец, кој беше купен од Њукасл за 125 милиони фунти, беше изоставен за мечот со Барнли.
„Го зедовме од Њукасл и видовме дека му требаат повеќе минути на тренинг. Не можеме да му дозволиме да игра двапати за три дена“ – рече тренерот на „црвените“.

