Тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, се насочи кон денешното гостување кај Јувентус на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
„Сè уште не сме одлучиле како ќе играме иако сме целосно подготвени. Постои голема конкуренција, имаме различни профили на играчи и мора да го најдеме вистинскиот баланс“ – рече Ковач.
„Домашната предност е за Јувентус. Ќе има 40.000 навивачи на трибините. Исто така, ќе мора да го издржиме и притисокот “ – потенцира тренерот на „милионерите“.

