Роберто Де Зерби со неговиот Олимпик Марсеј, доцна вечер ќе гостува на стадионот „Сантијаго Бернабе“ кај Реал Мадрид во првото коло во Лигата на шампионите.
Тренерот на францускиот состав е свесен дека неговите фудбалери ги очекува тежок меч кај еден од кандидатите за освојување на шампионскиот пехар.
„ Учеството во Лигата на шампионите ни носи огромна одговорност. Во нападот не смееме да ја изгубиме храброста. Реал е еден од најсилните тимови на континентот“ – потенцираше Де Зерби.

