Напаѓачот на Кремонезе, Џејми Варди, откри дека легендата на Јуве и на Италија, Алесандро Дел Пјеро бил негов идол.
38-годишниот фудбалер во текот на летово го напушти англискиот Лестер а потоа му се приклучи на италијанскиот состав. Тој го посочи играчот што му бил инспирација за успех.
„Кога бев мал, тоа беше Дел Пјеро. Гледањето како игра беше неверојатно. Гледањето како постигнува голови секоја недела беше мотивација за мене“ – изјави Варди за локалните медиуми.

