Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, ја коментираше победата против Вилјареал во рамките на првото коло на Лигата на шампионите.
„Мораме да научиме да уживаме во секоја победа. Мислам дека покажавме многу добри работи на теренот. Добро се браневме и не му дозволивме на противникот да направи многу“ – рече Франк.
„Во нападот, не бевме во најдобра форма. Генерално, тоа беше многу изедначен натпревар“, додаде тренерот на англискиот тим.

