Напаѓачот на Комо, Алваро Мората, не сакаше да коментира за неговиот престој во редовите на Милан.
„Ако мислите дека имав тешка сезона, со оглед на тоа што освоив три трофеи, не се согласувам. Победив со Милан на „Сантијаго Бернабе“ во Лигата на шампионите, потоа триумфиравме во Суперкупот“ – рече Мората.
„Точно е дека начинот на кој си заминав беше негативен но, не можам да дискутирам за тоа“ – коментираше Мората.

