Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 10.000 евра.
Дисциплинската комисија на Серија А го казни стратегот на „росонерите“ поради исклучувањето на мечот со Болоња кога жестоко реагираше на судиските одлуки.
Како резултат на тоа, тренерот ќе го пропушти саботниот натпревар на гости против Удинезе.

