Маркус Рашфорд беше херојот на Барселона синоќа во победата над Њукасл на гостински терен во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Англичанецот по натпреварот изјави дека ова за него е големо и одлично искуство, но и потенцираше дека сите во клубот имаат една цел.
„Многу сум возбуден. Квалитетот што го имаме ме прави возбуден. Тимот е млад, игра со многу самодоверба и разбирање на играта. Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, не размислуваме за ништо друго. Знаеме колку е тешка конкуренцијата. Оваа година се работи само за подобрување и за преминување на следниот чекор“, рече Рашфорд.

