Во вторник, УЕФА треба да одлучи за понатамошното учество на израелската фудбалска репрезентација, како и на клубовите од оваа земја во натпреварувањата под покровителство на УЕФА.
Откако шпанските власти го кренаа гласот и најавија можен бојкот, откако легендарниот Ерик Кантона се огласи, токму Катар ја покрена официјалната иницијатива за исклучување на Израел од меѓународните натпреварувања. А тоа значи дека ФИФА ќе се занимава и со оваа тема, поверојатно отколку да чека Израел да не се квалификува за Светското првенство.
Информацијата ја пренесоа медиумите од Израел, кои истакнуваат дека Израелската фудбалска асоцијација работи дење и ноќе за да го спречи ова гласање бидејќи сите се свесни дека повеќето европски асоцијации би гласале за исклучување на Израел.

