Голот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, во победата од 2:0 над Еспањол во 5-тото коло од шпанската Ла Лига беше негов 36-ти во ова натпреварување.
Овој резултат го става 26-годишниот Мбапе пред поранешниот напаѓач на Барселона, Тиери Анри , кој има постигнато 35 гола во шпанското првенство.
Мбапе постигна 36 гола на 39 натпревари во Ла Лига, додека Анри ја пронајде мрежата 35 пати на 80 натпревари.
Мбапе се приклучи на Реал Мадрид во летото 2024 година. Во овој период, тој постигна 51 гол во сите натпреварувања за Реал Мадрид. Анри играше за Барселона од 2007 до 2010 година, во кој период напаѓачот постигна 49 гола во сите натпреварувања.

