Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, зборуваше за Винициус Жуниор, кој на последниот меч реагираше некоректно кога беше заменет.
„Винициус сегогаш има голема поддршка од Реал. Луѓето, па дури и клубот застанаа на страната на фудбалерот. Затоа треба да биде внимателен“ – рече Валдано.
„Таквите гестови содржат и доза на непочитување кон играчот кој треба да влезе на теренот“ – беа дел од зборовите на Валдано.

