Италијанскиот фудбалски клуб Комо ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар од Купот на Италија против Сасуоло за поддршка на локалната заедница погодена од неодамнешните поплави. Одлуката ја објави тренерот на тимот, Сеск Фабрегас.
Познатото езеро Комо, кое привлекува милиони туристи и познати личности, се излеа по екстремните временски услови, предизвикувајќи сериозна штета во регионот. Фабрегас сподели фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат поплавени улици и сообраќајни метежи.
„Моите мисли се со сите во Комо денес. Не е лесно да се види нашето прекрасно езеро кое се излеа и штетата што ја предизвика е огромна. Комо е повеќе од само град за мене, тоа е дом, семејство, заедница“, напиша Фабрегас на Инстаграм.
Поранешниот шпански репрезентативец увери дека клубот е со сите погодени и дека заедно ќе го поминат овој тежок период. Натпреварот од второто коло на турнирот, кој ќе се одржи на стадионот „Синигалија“, кој не е во опасност и ќе се игра според закажаното.
Сеск Фабрегас се приклучи на Комо во август 2022 година како играч и стана дел од тренерскиот персонал откако заврши неговата играчка кариера. Тој одигра клучна улога во историскиот пласман на тимот во Серија А.

