Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, проговори за Кол Палмер, кој беше заменет рано на последниот меч во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед.
Англискиот репрезентативец страда од долгогодишна повреда. Во овој момент не е јасно кога талентираниот играч ќе биде подготвен да се врати во акција.
„Нема да ризикуваме со Кол. Тој вложи огромен напор и сака да биде на теренот“ –рече тренерот на „сините“.

