Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, се осврна на вчерашната победа против Пиза во меч од Серија „А“.
„Да почнеме со тоа дека победата никогаш не е лесна. Денеска игравме против тим кој е на првото место по сите индикатори поврзани со физичката подготвеност“ – рече Конте.
„Беше тежок натпревар. Среќни сме што започнавме со четири победи во првенството. Битката за титулата ќе биде многу рамноправна“ – нагласи Конте.

