Тренерот на Арсенал зборуваше за нерешениот резултат против Манчестер Сити и рече дека не можел да предвиди таков натпревар. „Вакво нешто не се случило со Гвардиола во неговата 17-годишна тренерска кариера“ рече Артета.
Микел Артета не очекувал Арсенал да биде толку супериорен во однос на Манчестер Сити.
„И покрај моето знаење, вештина и начинот на кој ги анализирам натпреварите, не можев да ја предвидам доминацијата на Арсенал во текот на 96 минути.
„Ова никогаш не му се случило на Гвардиола во неговата 17-годишна тренерска кариера“, забележа главниот тренер на Лондончани по нерешениот резултат 1:1.

