На 5 октомври Скопје ќе биде домаќин на 21-виот Визер Скопски атлетски маратон 2025. Годинава на маратонот во нашиот главен град, повторно ќе биде соборен рекордот според бројот на учесници.
„Пријавувањето е завршено и во овие моменти имаме бројка од околу 13.900 натпреварувачи. Ова е рекорд по бројот на учесници на Скопскиот маратон. Пријавувањето е отворено само во делот на државно првенство во марартон, а оваа година Скопски маратон ќе биде и балканско првенство во маратон. Очекуваме гости од 57 светски земји, со присуство на околу 450 натпреварувачи на главната, маратонската трка“, вели директорот на маратонот, Кире Синадиновски, во денешното гостување во програмата на Спортското радио 90.3 фм.
Разговорот можете да го проследите на следниот ЛИНК

