Шпанскиот шампион Барселона го одржа својот последен тренинг пред натпреварот со Овиедо синоќа, но тренерот Ханси Флик повторно не доби добри вести. Во вторник беше објавено дека Гави ќе биде надвор од терените помеѓу четири и пет месеци откако беше подложен на операција на менискусот.
Има некои позитивни вести за Алехандро Балде, кој тренираше по втор пат по ред во средата. Сепак, не се очекува тој да биде вклучен во составот за натпреварот. Ламин Јамал не им се придружи на останатите соиграчи и дефинитивно е надвор од комбинација за вечерашното гостување во Овиедо.
Фермин Лопез работи индивидуално во теретана поради повредата што ја заработи против Хетафе. Во меѓувреме, Диего Коен повеќе не тренира со првиот тим бидејќи ќе учествува на претстојното Светско првенство до 20 години во Чиле.

