Познатиот француски тренер, Лоран Блан, го напушти кормилото во екипата на Ал-Итихад. Тој во претходната сезона успеа да го однесе тимот до шампионската титула во Премиер лигата на Саудиска Арабија.
Веста објавена на социјалните мрежи на клубот доаѓа само еден ден по поразот од Ал-Наср во дербито на колото. Улогата на времен тренер ќе му биде доделена на капитенот, Хасан Халика а негов прв помошник ќе биде актуелниот тренер на екипата до 21 година.
Тие ќе го водат Ал-Итихад додека не се назначи нов постојан главен тренер.

