Главниот тренер на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се насочи кон вчерашната голема победа против градскиот ривал Реал со 5:2 во дербито од 7-то коло на шпанската Ла Лига.
„Од почетокот на натпреварот знаевме како да им предизвикаме проблеми. Нико Гонзалез, Жулијано Симеоне, Пабло Бариос и Жулијан Алварез се движеа по крилата, привлекувајќи ги централните дефанзивци“ – рече Симеоне.
„Има многу емоции. Оваа сезона започна со тешкотии. Многу луѓе вложуваат огромни напори кои остануваат незабележани но, работата оди одлично“ – рече Симеоне

