Тренерот на Баерн (М), Винсент Компани, по убедливата победа кај Пафос на гостувањето во 2. коло од Лигата на шампионите, вели дека се уште не размислува за освојување на трофејот од ова натпреварување.
„Јасно ставив до знаење пред првиот натпревар дека нашиот сон е да одиме далеку и да имаме шанса да победиме. Освојувањето на Лигата на шампионите е многу тешко. Но, сега сме во средината на турнирот и треба да се фокусираме исклучиво на победата во следниот натпревар“, рече Компани.
За мечот со Пафос и убедливата победа вели:
„Оваа победа изгледаше лесна, но не беше. Победивме со голема разлика, но сигурен сум дека ќе биде тешко да се игра против Пафос, особено дома. Во второто полувреме мораше да се бориме и да работиме напорно за да ја стабилизираме играта. Потоа повторно почнавме да играме сè поопасно. Сигурен сум дека Пафос ќе стекне добро искуство во Лигата на шампионите“, вели Компани.

