Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Перез: Шкендија има офанзивен потенцијал, ние посакуваме финале
    Фудбал

    Перез: Шкендија има офанзивен потенцијал, ние посакуваме финале

    sasoBy saso02/10/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Рајо Ваљекано, Иниго Перез, е сигурен во квалитетите на својот тим пред денешниот дуел со нашиот првак Шкендија во 1 коло од Конференциската лига. На прес-конференцијата пред дуелот, јасно посочи дека неговиот тим во оваа Конференциска лига влегува со идеја да стигне до финалето и да го освои трофејот.

    „Овој меч не треба да биде мешавина од емоции. Сакаме да стигнеме до финалето и да го освоиме трофејот. Тоа е нашиот менталитет. Натпреварувањето ќе нè стави на нашето место. Не можеме да се понесеме од романтиката на Конференциската лига. Утре мора да се подготвиме за натпреварот како да е лигашки натпревар“, вели Перез.

    Според тренерот на мадриѓани, Шкендија не е тим кој треба да се потцени.

    „Тие се тим кој не шпекулира. Имаат офанзивен потенцијал, но со оглед на оваа изложеност, ќе се мачат во одбраната. Со оглед на динамиката на натпреварувањето и нашиот пристап, очекувам отворена игра. Мораме прецизно да напаѓаме и добро да се браниме“, дополнил стратегот на Рајо.

    Мечот меѓу Рајо Ваљекано и Шкендија започнува во 18.45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.