Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Скопскиот маратон оваа година со рекордни над 14.000 учесници
    Домашен микс

    Скопскиот маратон оваа година со рекордни над 14.000 учесници

    sasoBy saso02/10/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Скопје в недела ќе дише со над 14.000 тркачи низ скопските улици. Следува 21. издание на Скопскиот маратон, кој и оваа година ќе собори рекорд. На прес-конференцијата денеска, министерот за спорт, Борко Ристовски и организаторите на настанот ги открија деталите за неделната масовна трка низ скопските улици.

    „Во недела ќе се одржи 21 издание на Скопскиот маратон. Можам со задоволство да кажам дека годинава ќе имаме рекорден број на учесници, над 14.000. Има пораст во сите трки, маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри. Повторно веќе неколку години наназад на трката на 5 километри имаме повеќе учеснички од понежниот пол. Во склоп на годинешниот Скопски маратон ќе се одржи и државно првенство во маратон, а оваа година ќе бидеме и домаќини на Балканското првенство во маратон. Следната година заедно со Министерството за одбрана ќе го организираме и Светското армиско првенство во рамките на Скопскиот маратон. Од денеска, па се до сабота, е отворен Маратон Експо, каде сите учесници си ги подигнуваат своите стартни пакети. Во организацијата се вклучени над 500 луѓе, плус 250 припадници на Министерството за внатрешни работи. Ова е еден вид празник на градот и промоција и на Скопје и на државата“, вели директорот на трката, Кире Синадиновски.

    Скопскиот маратон в недела почнува во 8 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.