Новиот менаџер на фудбалерите на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, изјави дека вратата на клубот не е затворена за играчот од средниот ред Џејмс Ворд-Праус.
30-годишниот играч беше изоставен за дуелот со Евертон. Тоа беше првиот натпревар на Еспирито Санто како тренер на „чеканите“.
„ Можеби ќе го вклучам за мечот со Арсенал. Сезоната е долга и ми требаат сите играчи“ – беа дел од зборовите на Санто на средбата со новинарите.

