Раководството на Манчестер Јунајтед веројатно нема да го отпушти тренерот Рубен Аморим доколку го изгубат натпреварот од 7-мото коло од Премиер лигата против Сандерленд кој се игра денес. Ова го објави новинарката на „The Athletic“, Лори Витвел, во видео на YouTube каналот „Talk of the Devils“.
Според извор, иако ко-сопственикот на клубот Џим Ратклиф го слуша спортското раководство на „Црвените ѓаволи“, конечната одлука за иднината на Аморим ќе биде на Ратклиф. Во моментов, британскиот бизнисмен верува дека португалскиот тренер не треба да биде отпуштен пред крајот на тековната сезона.
Ратклиф знае дека Аморим делумно работи со новиот состав и сè уште се обидува да ги пренесе своите методи на играчите. По шест кола од англиското првенство, Манчестер Јунјатед имаат седум бода и се наоѓаат на 14-то место.

