На првиот собир на фудбалската репрезентација разговаравме и со бекот Стефан Деспотовски, кој ги истакна своите очекувања од дуелите со Белгија и Казахстан.
„Белгија е светска сила, покажавме против нив дека можеме. Тој меч е приоритет, секако, а потоа фокус на се останато. Со што може Белгија да не изненади, или да направи поинаку отколку во Скопје? Мислам дека може единствено поагресивно да му пристапат на мечот. Не знам дали не потценија на првиот меч, но знам дека Македонија не им даде да играат на Белгијците онака како што знаат. Ако ние ја повториме таа игра од Скопје, и бидеме концентрирани во текот на сите 90 минути, мислам дека можеме да извлечеме добар резултат“, вели дефанзивецот.

