Фудбалерот, Килијан Мбапе, ќе биде дел од селекцијата на Франција за претстојните натпревари во квалификациите за Мундијалот во 2026 година.
Напаѓачот на Реал Мадрид беше заменет во финишот на мечот со Вилјареал поради болки во ногата а неговиот тренер, Чаби Алонсо, објави дека тој имал проблеми со зглобот уште пред мечот.
„Галските петли“ наредниот меч ќе го одиграат в петок на 10 октомври против селекцијата на Азербејџан. Тие се лидери во групата со две победи во исто толку мечеви.

