Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Циркзи, размислува да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, наведуваат дел од медиумите.
Тој не е задоволен од краткото време за играње од почетокот на сезоната откако помина само 110 минути на теренот во Премиер лигата.
Репрезентативецот на Холандија во изминатата сезона учествуваше во 32 натпревари и постигна три гола.

