Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Белгија, односно во Гент. Нашите најдобри фудбалери два дена пред многу важниот дуел со белгиската репрезентација пристигнува на местото на настанот, а утре попладне ќе тренираат на стадионот на Гент.
Селекторот Милевски со себе ја води најдобрата екипа, со исклучок на Бојан Илиевски, кој заради акумулација на картони нема да игра со Белгија, но ќе настапи против Казахстан. Овие две репрезентации се непоразени во групата и од меѓусебниот дуел многу работи ќе зависат пред последдните две кола во групата.
Нашата репрезентација ќе има поддршка од околу илјада наши навивачи кои обезбедија влезници за овој гостински натпревар на Македонија.
Натпреварот Белгија – Македонија се игра в петок од 20:45 часот, а ден подоцна нашите фудбалери се враќаат за Скопје и ќе се подготвуваат за натпреварот против Казахстан кој се игра во понеделник на 13 октомври.

