Барселона би можела да ja активира клаузулата за ослободување од 65 милиони евра (56 милиони фунти) во договорот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, кој истекува во летото 2026 година, објави „Мундо Депортиво“.
29-годишникот е во одлична форма, постигнувајќи 44 гола и 12 асистенции во 58 настапи за клубот откако се приклучи на тимот од Дортмунд во 2024 година. Тој постигна 68 гола во 106 настапи во Бундеслигата, додека импресионираше во Лигата на шампионите со 16 гола во 20 настапи.
Гираси веќе постигна пет гола и имаше три асистенции во своите први седум настапи во лигата и Европа оваа сезона, продолжувајќи да се етаблира како еден од најплодните напаѓачи на континентот.
Иако Борусија Дортмунд го цени својот најдобар стрелец на околу 100 милиони евра (87 милиони фунти), клаузулата во неговиот договор би можела да го направи потенцијалниот трансфер значително подостапен за Барселона.

