Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, пред утрешниот меч со Белгија во мундијалските квалификации имаше пофални зборови за неговите избраници.
„Горд сум на нашите фудбалери, не само во овие квалификации, туку на се тоа што го покажаа во изминатите 8 години, со пласманот во Лига на нации, со конкурентноста во нашата група, скоро обезбеден плеј офф за СП“ – рече Милевски.
„Максимален респект за Белгија, тие и натаму се фаворит во група, имаат инзвореден играчки ростер. Се надевам дека што повеќе ќе останеме конкурентни“ – потенцираше нашиот селектор.

