Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска против Ерменија ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство во 2027 година.
Средбата ќе биде реализирана на стадионот – „Петар Милошевски“ во Битола со почетокот во 17.00 часот. Мечот ќе го суди Лука Билбија од БИХ. Македонија во првите две кола загуби од главните фаворити Полска (гости) и Италија (дома) додека Ерменците очекувано беа совладани од полјаците и швеѓаните.
Во рамките на 3 коло во текот на денов, Полска ќе ја пречека Црна Гора додека Италија ќе игра со Шведска.

