На вчерашниот дуел со Белгија, Ѓоко Зајков беше неприкосновен во дефанзивната линија. По натпреварот и самиот го прокоментира дуелот во Гент и ремито (0:0).
„Одигравме храбро и дисциплинирано во одбрана. Се разбира дека со вакви противници не може да се случува секогаш да ги надигруваме. Сепак, ние покажавме дека сме храбри, оставаме срце за Македонија и на крајот освоивме бод. Според мене ова е огромен резултат на гости во Белгија, но сега треба да се симнеме на земја. За три дена играме уште еден многу важен натпревар за кој треба колку-толку да се одмориме и да победиме, да освоиме три бода ако сакаме да осиме на Мундијалот. Беше тешко, но со добра комуникација успеавме во нашата цел“, изјави Зајков.

