Килијан Мбапе беше повреден и заменет во победата на Франција од 3-0 над Азербејџан во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Тој доживеа болки во глуждот и побара да го напушти теренот во 83-тата минута од натпреварот, кога Флоријан Тoвин влезе на негово место. Неговата повреда ги загрижи не само „петлите“, туку и Реал Мадрид, каде што Мбапе е најдобар стрелец на тимот.
„Тој има стара повреда на глуждот. Сега чувствува непријатност, што не е добро. Болката се смирува кога одмара. Сепак, сите знаеме дека контактот е неизбежен за време на натпреварот. Тој треба да помине низ обемни медицински прегледи, а потоа ќе процениме дали ќе игра на следниот натпревар“, рече селекторот на Франција, Дешамп по мечот.

