Нашите најдобри фудбалери денеска ги очекува значаен меч на патот кон Мундијалот во 2026 година. Избраниците на селекторот, Благоја Милевски, од 20.45 часот на Арената во Скопје, ќе излезат на мегдан со Казахстан во рамките на 7 коло во групата „Ј“.
Ние сме лидери на табелата додека противникот ја има претпоследната позиција. На првата средба на теренот на Казахстанците успеавме да победиме минимално со 1-0. Во вториот меч во групата паралелно ќе се одвива пресметката меѓу Велс и Белгија која директно го крои врвот на табелата.
Македонија е лидер со 12 бодови од шест средби, Белгија има 11 од пет мечеви додека Велс е на третото место со 10 бодови од пет дуели. Отпишаните, Казахстан со 6 и Лихтенштајн без бод се на дното на табела.

