Поранешниот дефанзивец на Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Селтик, Коло Туре, кој сега е дел од тренерскиот штаб на „граѓаните“ се осврна на крајно набиениот распоред исполнет со клупски и репрезентативни мечеви.
„Мислам дека тоа стана голем проблем за здравјето и перформансите на играчите. Кога играчот е свеж, може да даде 100%, во спротивно, не може“ – рече Туре.
„Затоа треба да им дадеме на играчите повеќе време за одмор. Кога се чувствуваш добро, се чувствуваш како на врвот а кога се чувствуваш лошо, сакаш да одиш и да се одмориш“ – рече поранешниот фудбалер.

