Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Да можам би го сменил стартниот тим, во вториот дел игравме така како што треба“
    Фудбал

    Милевски: „Да можам би го сменил стартниот тим, во вториот дел игравме така како што треба“

    risteBy riste14/10/2025No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа одигра нерешено против Казахстан (1:1) во квалификацискиот натпревар за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. 

    По натпреварот кој не го започнавме најдобро, на прес-конференцијата зборуваше селекторот Благоја Милевски. 

    „Да можам би ја сменил стартната формација и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, ама имавме мал број натпревари за анализа. Планот беше да се обидеме да се наметнеме со таа тактика, па поради тоа направивме замени само на полувремето. Во вториот дел изгледавме онака како што требаше да биде. Принудно се решивме со Миовски на странична позиција во нападот, а бргу моравме да корегираме. Доколку не го сменевме системот, ќе морав да правам замена во 15. минута. Во натпреварот влеговме нервозно, тоа беше сигурно резултат и од напорот од мечот со Белгија. Првиот дел мислам дека загубивме доста дуели и „втори“ топки. Реакцијата на играчите во продолжението беше онаква каква што требаше да биде. Сакам да им честитам на фудбалерите за сето она што го докажаа во овие квалификации и секоја чест за секој еден од нив. Со изданието во вториот дел заслуживме да победиме, ама фудбалот е таков каков што е. Казахстан одигра добар натпревар. Покажаа и во Астана дека се квалитетни, но сметам дека бевме поблизу до победата.

    Ние имавме интензивни 180 минути во овој октомвриски циклус. Периодот по влегувањето на Трајковски имавме неколку опасни шанси, ама не ги искористивме. Оставивме простор и позади, па можевме да бидеме казнети. Овој резултат донекаде е реален, меѓутоа бевме поблизу до победата. Македонија во второто полувреме беше доста подоминантна. Кога ќе видам дека сите играчи се разочарани, за мене е позитивна слика. Тоа значи дека вредат, дека работат квалитетно и кога некој очекува нешто од вас, значи способни сте да го пружите тоа. Не би рекол дека играчите го потценија Казахстан. Сепак, по такво реми со Белгија јасно беше дека може да има емоционална истрошеност. Едноставно во овие циклуси времето за рекуперација е кратко, немавме ниту два полни дена за одмор. Победата на Белгија во Кардиф беше очекувана. Македонија се уште си го живее сонот, многу веројатно вторпат во историјата ќе играме плеј-оф за СП. Сите овие 14 натпревари на кои сме непоразени официјални се подготовка за март. Во овие натпревари примивме само пет гола, па разочарувањето значеше квалитет. Во Кардиф ќе одиме да уживаме во фудбалот, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа“, изјави Милевски. 

    Нашата фудбалска репрезентација до крајот на овој циклус квалификации треба да одигра уште еден натпревар, а во него гостува кај директниот ривал за второто место Велс. Ова реми не смени многу од резултатски аспект, бидејќи повторно дуелот во Кардиф ќе биде клучен за евентуален пласман во баражот за пласман на СП. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.