Легендарниот фудбалер, Пол Сколс, не крие дека е изненаден од одлуката на Манчестер Јунајтед да се раздели со единствениот вистински напаѓач, Расмус Хојлунд.
„ Сè беше на неговите рамена, притисокот беше врз него и тој не можеше да се справи. Мораше да влегува и излегува од тимот, каде е здравиот разум во тоа?“ – беа зборовите на Сколс.
Хојлунд по заминувањето во Наполи успеа да постигне четири голови на стартот на сезоната или вкупно осум ако се додадат и погодоците за неговата репрезентација.

