Првиот човек на фудбалскиот состав Брајтон, Тони Блум, се изјасни против натпреварите од Премиер лигата да се играат надвор од островот.
„Не сум љубител на натпревари во странство. Ми се допаѓа системот од 19 натпревари на домашен терен и 19 -ет на гостински терен“- рече Блум.
„Премиер лигата станува сè поголема, подобра и попопуларна со секоја измината сезона. Другите лиги можеби до одреден степен заостануваат“ – рече сопственикот на клубот.

