Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Пeтер Шмајхел, не е задоволен од трансферите на клубот.
„Трошите над 70 милиони фунти за Шешко кога тимот има проблеми со голманите. Само оваа сезона, примивме девет гола поради грешки на голманите. Па зошто купивме некого што не ни треба? – рече Шмајхел.
„Во мое време, тренерот беше шеф. Тој велеше: „Овој доаѓа, овој си оди“. Сега, одлучуваат различни луѓе со различни планови“ – рече поранешниот голман на Манчестер Јунајтед.

