Поранешниот менаџер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп, се приклучи на Германската фудбалска лига (DFL) како дел од нејзиниот нов стручен комитет.
Според весникот „Сан“, улогата на комитетот ќе биде да го промовира развојот, растот и целокупната конкурентност на германскиот фудбал. Првичните наоди и предлози на комитетот ќе бидат дискутирани напролет 2026 година.
Оваа елитна група, покрај Клоп, ја вклучува и легендата на Реал Мадрид, Сами Кедира, и неколку раководители на клубови од Бундеслигата. Ова е прва официјална улога на Клоп во фудбалот откако го напушти Ливерпул минатата година. Германецот ќе продолжи да работи во Ред Бул, каде што ја држи позицијата глобален раководител на фудбалскиот сектор, надгледувајќи клубови како што се РБ Лајпциг, РБ Салцбург и Њујорк Ред Булс.
За време на неговиот престој во Ливерпул, Клоп го водеше тимот до титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите на УЕФА, домашните купови и Светското клупско првенство на ФИФА.

