Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека Рајан Гравенберх бил принуден да го напушти теренот на вчерашното дерби со Манчестер Јунајтед поради повреда на глуждот. Играчот од средниот ред беше заменет во 61-вата минута, кога шампионите на Премиер лигата го доживеаја четвртиот пораз по ред во сите натпреварувања.
Тоа значи дека холандскиот репрезентативец сега е неизвесен за гостувањето во среда против Ајнтрахт во Франкфурт во Лигата на шампионите. Тежината на повредата на Гравенберх ќе биде проценета денеска по најновите прегледи.

