Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим по победата над Ливерпул во дербито на Премиер лигата вчера, изјави дека е среќен од својот тим и очекува серијата добри резултати да продолжи.
„Сè е важно за навивачите, особено две победи по ред по толку години, а за мене тоа е исто многу важно. Не е важно кој е противникот; најважно е чувството на победа. Сега е важно да се размислува за три победи по ред и тоа е најважно“, рече менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед за првпат победи на два натпревари во Премиер лигата по ред под водство на Рубен Аморим. До вчера, Манчестер Јунајтед никогаш немаше две последователни троимфи во лигата за време на мандатот на Аморим.

