Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, вели дека Мохамед Салах, не смее да има загарантирано место во првата постава на „црвените“ кои го нанижаа и четвртиот пораз во серија.
„Сега сме во фаза кога не треба да игра на секоја средба или барем да не започнува. Така правеше Јирген Клоп на времето“ – рече Карагер.
„Ливерпул сега ќе има две гостувања – во Европа и со Брентфорд. Мислам дека нема да игра на двата натпревара“ – рече легендата на Ливерпул.

