Атлетико Мадрид поднесе жалба до УЕФА пред денешниот натпревар од Лигата на шампионите со Арсенал.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид останале изненадени по официјалниот тренинг на стадионот „Емирати“ откако не можеле да се истушираат поради недостаток на топла вода. Ова е причината за жалбата на клубот до УЕФА.
Од Атлетико биле лути поради ситуацијата, бидејќи останале шокирани што на толку модерен стадион не можеле да добијат основни погодности во пресрет на натпревар од Лигата на шампионите.
Незадоволството било уште поголемо поради фактот што втората половина од тренингот се одржа на дожд. Проблемот со топлата вода бил забележан по пристигнувањето на стадионот и локалните службеници биле веднаш известени, но проблемот не бил решен на време.
photo: uefa.com

