Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, се насочи кон гостувањето против Баер Леверкузен во Германија во третото коло од главната фаза на Лигата на шампионите.
„Нашиот распоред е многу тежок а претстојниот натпревар ќе биде добар тест за двата тима. Среќни сме што ги добивме претходните два меча“ -рече шпанскиот специјалист.
„Тешко е да се оцени Леверкузен, кој донесе 20 играчи и нов тренер. Тие постигнуваат голови и можат да се бранат многу ниско“ – потенцираше Енрике.

