Фудбалерот, Даниеле Ругани, го продолжи договорот со Јувентус, објавија доцна синоќа медиумите во Италија.
31-годишниот дефанзивец сега има тековна соработка со клубот од Торино до 30 јуни во 2028 година. Ругани го облече дресот на „старата дама“ во 2012 година.
Претходната сезона играше позајмен во Ајакс а одигра и два натпревара за Јувентус во Серија „А“ во сезоната 2025/26.
